Грција сака да отплати дел од долгот кон ММФ пред рокот

Грција поднела барање до финансиските институции и министрите за финансии од земјите во еврозоната за предвремено отплаќање на долгото кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF).

Атина сака да врати 2,9 милијарди евра кредити со камата од 4,91 отсто. Со предвремената отплата владата сека да заштеди околу 70 милиони евра од камати, појасни министерот за финансии Кристос Стаикурас, кој барањеро ги потпишал во понеделникот и го упатил до Европскиот стабилизациски механизам и еврогрупата, неформалната група на министрите за финансии на земјите во еврозоната.

„Тоа на нашата земја ќе ѝ даде кредибилитет и самодоверба“, рече Стаикурас.

Постапката на обработувања на брањето може да потрае неколку седмици, имајќи предвид дека мора да го одобрат владите на некои од земјите во еврозоната.

Кога ќе се изземе сумата којашто би требало да биде вратена пред рокот, преостанатиот грчки долг кон ММФ изнесува 8,8 милијарди евра, според податоците на министерството за финансии во Атина.

ММФ во финасискиот пакет за спасување на Грција од банкрот учествуваше со 32 милијарди евра. Реализацијата на последната програма од реформи и болните мерки за штедење Атина го затвори во август минатата година и во меѓувреме се врати на светските пазари на капитал. Приносите на десетгодипшните грчки државни обврзници во моментов изнесуваат 1,5 отсто, додека на врвото од должничката криза во 2012 година надминуваа 35 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.