Грција со затворена граница за Македонците и по 1 октомври

Грција останува со затворени граници за граѓаните oд трети земји, пренесува српси „Новости“ повикувајќи се на неофицијални извори. Ова значи дека Македонците, како играѓаните на Србија, нема да можат да патуваат во Грција ни по 1 октомбри.

Поради неповолната епидемиолошка состојба во земјата, грчките власти забранија влез на наши граѓани на почетокот на јули, а таа одлука беше продолжувана во неколку наврати.

Вчера, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се водат разговори меѓу земјите од регионот за да се отворат границите без ПЦР тестови.

 -Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје, кажа вчера Филипче, не потенцирајќи дали и Грција е дел од овие преговори.