Грција заплени брод со мигранти

Грчката крајбрежна стража соопшти дека запленила брод и привела две лица сосмничени дека се обиделе да криумчарат 37 мигранти за Италија.

Крајбрежната стража наведе дека бродот, што пловел под украинско знаме, е запрен во Јонското море, вчера изутрина, северозападно од островот Закинтос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.