Грците ги празнат банкоматите по најавениот референдум

На референдумот во Грција, закажан за в недела, 5 јули, граѓаните треба да одлучат дали да го прифатат плнот за излез од финансиската криза кој го вклучува тоа што тој го нарекува „неправедни“ барања за мерките за штедење кои ги поставија меѓународните кредитори.

„После пет месеци тешки преговори, нашите партнери, за жал, поставија предлог-ултиматум којод нас бара да прифатиме строги и понижувачки мерки за штедење, без крај на повидок и без перспектива“, истакна Ципрас.

cipras1

Веднаш по состанокот на Владата, поголем дел од грчките министри сметаат дека гласачите ќе кажат „не“ на референдумот и ќе го одбијат кој меѓу  другото, предвидува нови намалувања на пензиите и зголемување на даноците.

Лидерите и пртениците на опозициските партии се противат на референдумот, тврдејќи дека со тоа ќе се уништи државата.

Јерен Дијселблом, претседател на Еврогрупата, неформално тело кое ги собира министрите за финансии на Еврозоната, смета дека повикот за референдум е „тажна одлука“ за Грција.

„Грчката влада очигледно ги отфрли нашите наајнови предлози. Тоа е тажна одлука за Грција бидејќи на тој начин ги затвора вратите за понатамошни рзговори.

После овааа историска ноќ, Грците навалија во банките, супермаркети и на бензизките пумпи, за да се снабдат со неопходни работи во исчекување на непознатото. Изненадувачката најава на Ципрас, која следеше по долги пет месеци контрапрдуктивни преговори со главните кредитори на Грција, претставува драматичен момент во модерната историја на Грција што би можел да ја однесе земјата во пропаст поради огромните позајмици и долгови.

bankomat-grcija

 

 

banomat3-grcija