Грци демонстрираат поради сириското хемиско оружје

Неколку илјади Грци денеска демонстрирале на Крит поради планот за уништување на сириското хемиско оружје во источниот Медитеран.

Тие се собрале на пристаништето Соуда, и покрај силниот дожд, носејќи црни знамиња и барајќи да објават повеќе информации за таа меѓународна операција.

„Ова е прв одговор на жителите на Крит во уништување на сириското хемиско оружје. Доколку планот се спроведе, тоа ќе ја уништи економијата на Крит, ќе го загади морето и на жителите од медитеранското крајбрежје му се заканува мрачна иднина“, изјавил градоначалникот на најблискиот град, Сфаки Павлос Полакис.

Операцијата за уништување на хемикалиите на американскиот товарен брод во источниот Медитеран предизвика протести во Италија и Грција, и покрај уверувањата дека не постои ризик по природната околина.