Грци во поддршка на насилните протести во Битола. Марвакис Атанасиос 54 годишен жител на Солун е најредовен на насилните протести кои ги организира лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Битола.
Како што ни пишаа наши читатели од Битола тој е во постојан контакт со лицата задолжени од Заев да ги организираат вандалските напади врз полицијата и институциите во Битола. Само во текот на синоќешните протести двајца полициски службеници се повредени по што им е укажана медицинска помош.
Граѓаните ни испратија и фотографија на која се гледа Атанасиос на ручек со организаторите на насилните протести во битолската кафеана Буре.
Според објавите на неговиот Фејсбук профил, може да се процени дека Марвакис Атанасиос е поддржувач на политиките на поранешниот министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис.
Неговата профилна фотографија на Фејсбук е од протестите во Шпанија во 2012-тата година кога државата ја тресеа голем број насилни протести против мерките за штедење и во кои поголем број демонстранти се судрија со полицијата.
Исто така од она што може да се види на неговиот Фејсбук профил, Атанасиос исто така јавно пројавува симпатии и за ЛГБТ заедницата, што може да се види и од фотографиите што ги објавува.