Грција бара ЕУ да не го поддржи прогласениот венецуелски претседател Гуаидо

Грција се противи на признавањето на Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела од страна на ЕУ, пишува „Катимерини”, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, пред денешната седница на министрите за надворешни работи на ЕУ во Букурешт.

Признавањето на лидерот на венецуелската опозиција и претседател на Националното собрание, Гуаидо за претседател на земјата, без да биде преземена европска дипломатска иницијатива за создавање на услови за одржување на слободни избори, претставува неодговорен став, особено со оглед на големите ризици за граѓански судири во едно поларизирано општество, истакнале изворите за весникот.

Според нив Грција ќе се залага за преземање на сопствена дипломатска иницијатива.

Неодамна заменик министерот за надворешни работи, Јоргос Катрунгалос изјави дека пред да се донесе одлука, ЕУ треба да биде формира група, во која ќе членуваат претставници од земји, кои од историски причини имаат влијание во регионот и поради тоа ќе може да изиграат посредничка улога во латиноамериканската земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.