Грција добива 6,3 милијарди евра на крајот на април

Грција на крајот на април ќе добие помош од 6,3 милијарди евра од европскиот спасувачки фонд, изјави шефот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум.

„Првата транша од 6,3 милијарди евра, која што ќе биде исплатена на крајот на април, ќе и’ овозможи на Грција до мај да го сервисира својот долг“, рекол Дајселблум.

Тој навел дека се уште две рати помош од по една милијарда евра ќе бидат исплатени во јуни и јули, и додал дека овие средства се поврзани со грчкиот напредок во поглед на спроведување на ветените реформи.

Грција била прва членка на евро зоната која што во 2010-та година добила помош од Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка во висина од 110 милијарди евра.

Откако не успеа да ги стабилизира јавни финансии, Грција опасно се приближи кон излез од евро зоната, поради што во 2012-та година беше принудена да бара втор пакет помош, но и отпис на долгот во рацете на странските доверители.