Грција ги забрани уличните протести пред состанокот на министри на ЕУ во Атина

Грчката полицијата ги забрани сите протести во центарот на Атина пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за финансии на Европската унија.

Забраната се однесува на повеќе централни делови на градот, вклучувајќи го плоштадот Синтагма, епицентар на антивладините протести против мерките за штедење.

Но, левичарските групи и синдикати повикаа на масовни протести, наведувајќи дека луѓето чувствуваат последици поради мерките за штедење кои што се услов за добивање на меѓународната финансиска помош.

Засега не се знае дали демонстрантите ќе се обидат да влезат во забранетите области како што е Синтагма, каде што е сместен парламентот.

Министрите за финансии на ЕУ би требало да ја потпишат исплатата на следната транша од кредитот за намалување на националниот долг.

Станува збор за сума од осум милијарди евра, што е една од последните транши кои Атина ќе ги добие од сите земји од евро зоната.