Грција и покрај жестоките протести го усвои новиот пакет реформи

Грчките пратеници во понеделникот го изгласа новиот пакет реформи кои ги бараат меѓународните кредитори, меѓу кои и ограничување на правото на штрајк, додека штрајковите предизвикаа блокирање во Атина и судири на демонстрантите со полицијата.

Пакетот мерки беше изгласан рано вечерта со 154 гласови „за“ наспроти 141 „против“, додека најмалку шест илјади луѓе протестираа во текот на денот во грчката престолнана на разни собири против реформите, според процените на полицијата, додека организаторите тврдат дека имало дали повеќе демонстранти.

Некои од демонстрантите фрлале боја и камења врз специјалните сили на полицијата кои го штитеа парламентот, на што е возвратено со солзавец. Нема уапсени, додаде атинската полиција.

Најспорната мерка е заострување на правото на штрајк. Според новите одредби, треба да се изјаснат 50 отсто од регистрираните членови на синдикатите, наспроти сегашните 20 проценти. Меѓу стотиците други мерки во овој текст е вброена и присилна онлајн аукциска продажба на имот, особено недвижнини под хипотека.

Премиерот Алексис Ципрас, избран во 2015 година, остро ги отфрли пред пратениците критиките од синдикатите, според кои владата е спремна да ги ограничува штрајковите.

„Бесрамна лага е дека оваа влада ги спроведува барањата на доверителите и шефовите за да го наруши пазарот на трудот. Оваа влада не ги укинува и не преставува закана за штрајковите“, тврдеше Ципрас.

Овие мерки се изгласани во пресрет на исплатата на траншата од третата програма за меѓународна помош кој Грција ги прими од 2010 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.