АНАЛИЗА: Грција и ползата од претседателството

Грчките власти полагаат големи надежи во претседателството на земјата со Европската Унија. За разлика од нив, лидерот на грчката опозиција Алексис Ципрас не е толку воодушевен. Тој дури не присуствуваше на церемонијата во Дворецот на музиката во Атина во знак на протест против социјалните тешкотии предизвикани од антикризните барања на ЕУ. Тоа особено не го вознемири премиерот Андонис Самарас, пишува германскиот весник „Тагесшпигел“.

Економскиот раст, вработеноста, миграцијата – тоа ќе бидат приоритетите на грчкото претседателство. Тоа се прашања, кои силно ги интересираат Грците. И не само тие:

„Ние нема да водиме грчко, туку европско претседателство“, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Куркулас. Но, сепак владата во Атина се надева да извлече свои ползи во текот на следните неколку месеци.

Таа сака да се претстави како надежен партнер и доколку е возможно, да обеле образот извлакна од кризата. Ако го постигне тоа, Грција ќе може да аргументира преед инвеститорите и да си поплачи патот за враќање на финансиските пазар во текот на втората половина од годината. Министерот за финансии Јанис Стурнарас дури вели дека во такво случај земјата нема да им потреба од трет спасувачки пакет.

Сепак, врз грчкото претседателство стои темна сенка. Земјата, која во 2009 година, ја почна должничката криза во еврозоната, се уште е длабоко потоната во долгови за разлика од останатите земји членки на ЕУ, кои веќе ги преминаа турбуленциите.

Строгите мерки за штедење ја доведоа земјата до најдлабоката и најдолгата рецесија, која што некогаш преживеала оваа западноевропската држава во последниот период. Грција заостанува со големите структурни реформи, приватизацијата е во застој. А, Атина продолжува да се наоѓа под несреќна ѕвезда.

На почетокот на оваа недела грчки водечки терористи успеа да избега од затвор и оттогаш му се губи трагата. Бегството на убиецот Христодулос Ксирос, кој се смета за еден од најопасните членови на организацијата „17 ноември“ крена низа прашања. На прво место, за тоа како фунционира судскиот и казнениот систем на Грција. А, откако непознати лица отвроија оган врз резиденцијата на германскиот пратеник во Атина, има се повеќе знаци дека во земјата се формира нова терористичка организација. Тоа не е добар почеток на претседателство со ЕУ.