Грција има суфицит во платниот биланс првпат од 1948 г

Тековниот платен биланс на Грција за 2013 година има суфицит од милијарда и 244 милиони евра и тоа е прв таков случај уште од 1948 година, соопштила денеска Банка на Грција.

Платниот биланс на крајот на претходната 2012 година беше во дефицит од четири милијарди и 615 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.