Грција му зема бод на Исланд

59

Грчката ракометна репрезентација направи големо изненадување и на домашен терен го намачи фаворитот Исланд (28:28), иако беше на прагот да победи и да ѝ направи голема услуга на Македонија.

Натпреварот во Кожани беше решаван во самиот финиш. Големиот фаворит доста се мачеше, а во второто полувреме, иако водеше со три гола (17:20), се доведе до ситуација да се спасува во инфаркт-финиш. Грците во завршница од 25:25, дојдоа до 27;25, но во финишот Исланд доби седмерец, а Грците исклучување, по што поискусните гости ја анулираа негативата од два гола.

Македонија сега има бод предност пред влезот во последното коло, а со реми или победа над Грција, истото ќе го потврди и ќе има подобра ждрепка, затоа што ќе ги чека ривалите на ЕП од вториот шешир.

Групите на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во три земји во 2020 година ќе бидат извлечени на 27-ми јуни во Виена.

Извор: gol.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.