Грција ни го „залепи“ северно-македонскиот јазик (ФОТО)

И покрај сите убедувања од страна на Зоран Заев дека со Договорот од Преспа не се доведува во прашање засебноста на македонскиот јазик и идентитет, во практиката се остваруваат предупредувањата дека промената на уставното име на Македонија води кон промена на националните атрибути.

Премиерот Заев тврдеше дека со Преспанскиот договор од страна на Грција е признаен идентитетот и јазикот, што практиката жестоко го демантира.

„Со договорот од Преспа, договорот со Грција што го постигнавме имаме целосна заштита на македонскиот идентитет, целосна заштита на нашиот македонски јазик. И не само тоа. Договорот е потпишан од грчка страна. Грција го признава нашиот македонски јазик, Грција признава македонски идентитет“ , истакна премиерот Заев во  изјава на 11 09 2018.

Имено, како што сведочи декларација за увозна стока од соседна Грција, грчкиот производител многу јасно македонскиот јазик го преименува во „северно-македонски“. Оттаму, се поставува прашањато, доколку е онака како што нѐ убедуваше Заев, како агенциите задолжени за увозот на странски стоки вклучително и задолжителните пропратни декларации и упатства за употреба, односно Царината и Министерството за надворешни работи го дозволиле увозот со ваква документација.