Грција одново не исплати обврски спрема ММФ

Преговори за помош за Грција
Преговори за помош за Грција

Грција одново не исплати обврски спрема ММФ од 450 милиони евра чиј рок измина вчера.

– Не беше извршено плаќање, изјави Џери Рајс портпарол на Меѓународниот монетарен фонд.

На 30 јуни Грција не плати 1.5 милијарди евра и стана првата индустријализирана држава која почна да трупа неисплатени обврски кон ММФ, пренесува МИА.

Поради тоа, кон Атина беше прекинат достапот до финансиски ресурси на ММФ и тоа ќе остане така се додека Грција не плати за оврските.

До 20 јули Грција треба да исплати 3,5 милијарди евра на Европската централна банка. Неплаќањето на обврските кон ЕЦБ може да има поголеми последици отколку кон ММФ, јавуваат западни медиуми.