Грција подготвила нов договор за името

Нацрт договорот за промена на името на Македонија, кој следната недела треба да го донесе шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Скопје  претрпел нови измени пишува грчкиот весник „Иефимерида“.

Според грчките медиуми, шефот на дипломатијата Коѕиас, на вонредна владина седница ја преставил грчката верзија на нацрт-договорот околу проблемот со името, во кој наводно, се додаден и нови елемент кои ќе му бидет првично презентирани на македонскиот министер Никола Димитров.

Поради лошото искуство од минатото,  содржината на договорот, се држи во тајност и далеку од медиумите. Грчките преговарачи по секоја цена се обидуваат да ја скријат содржината на документот да протече и „дипломатските консултации да ги врши преку насловните страници на весниците.

Весникот исто така пишува и дека грчкиот премиер Алексис Ципрас води жестоки политички битки на повеќе полиња, но решавањето на спорот со името му е меѓу приоритетните.

 

Главната пречка, сепак, според Атина, е нивното инсистирање на промената на уставот, за што засега нема согласност од македонска страна.