Грција става акцент врз банкарскиот унија и социјалната кохезија во ЕУ

Банкарскиот унија и социјалната кохезија ќе бидат приоритетите на Грција за време на ротирачкото претседателство на Европската унија што земјата го презеде на први јануари. Ова го истакна грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, пренесе „АФП“.

„Банкарската унија, координацијата на политиките со социјална димензија и финансирањето на малите и средни претпријатија се многу важни прашања на кои Грција ќе посвети големо внимание за време на претседателството на ЕУ“, рекол Стурнарас.

Набројувајќи ги приоритетите на Екофин – средбите на министрите за финансии на ЕУ, што ќе претседава во следните шест месеци, Стурнарас се обврзал да ја стимулира „финансиската стабилност, транспарентноста и усогласувањето на различни регулативи на земјите членки“.

„За средствата за обезбедување на стабилност на големите банки ќе се дискутира најверојатно на Екофин на први април во Атина. За време на состанокот ќе биде дискутирано и за финансирањето на малите и средните претпријатија“,истакнал Јанис Стурнарас .

На прашањето за лошиот однос од Европа, особено на Германија кон Грција, за што пишуваа грчките медиуми во последните денови, Стурнарас изјавил дека односите и соработката со Берлин се идеални.