Грчки државни службеници на штрајк против мерките на штедење

Грчки државни службеници на штрајк против мерките на штедење

Синдикатот на државните службеници во Грција Адеди, повика денеска на 24-часовен штрајк во среда, кога се очекува Парламентот во Атина да ги гласа новите мерки на штедење, за кои беше постигнат договор во Брисел. Евентуален нов тригодишен заем за Грција беше обврзан со усвојувањето на тие мерки.

– Повикуваме на 24-часовен штрајк за време на гласањето на антинародниот договор и демонстрации во 19 часот по локално време на плоштадот Синтагма во Атина, се наведува во коминике на Адеди.

Тоа ќе биде првиот штрајк од доаѓањето на власт на СИРИЗА во јануари годинава.