Грција: Усвоени закони неопходни за нова транша помош

Грчкиот парламент со тесно мнозинство го усвои сетот закони за реформи, неопходни за обезбедување нова транша за меѓународна помош од најмалку 8,5 милијарди евра.

Опозицијата 11 часа се обидела да го одложи гласањето, но партиите од власта ги изгласале членовите од законот околу кои што коалиционите партнери не се согласувале.

Контроверзниот член кој што се однесува на млекото е изгласан со 152 гласови „за“ и 135 „против“ во парламентот во кој што има 300 пратеници.

Следниот закон, кој што се однесува на реформи на банките, поминал со 151 глас „за“ и 136 „против“.