Грција забрани влез за македонски историчар

Во грчкиот документ издаден на македонски научник на граница стои дека тој е непожелен за влез во земјата и дека неговото име се наоѓа во националниот регистар на непожелни лица.

За овие лица иако кај историчарот не е штиклирано најчесто претставуваат опасност за грчката внатрешна безбедност и јавното здравје.

Пред неколку дена врз основа на грчките закони за безбедност грчките гранични служби не дозволиле влез на македонски историчар Димитар Љоровски Вамвакоски, претседател на друштвото на историчарите на Македонија, бил спречен да влезе во Грција без да му се каже што и кога згрешил.

Првиот човек на најстарото здружение од ваков тип кој е професор во Институтот за национална историја (ИНИ) не добил објаснување за причините поради кои е одбиен да влезе во Грција.

За Љоровски – Вамваковски ова е втора забрана, првата која завршила пред десетина дена ја добил пред неколку години.

Сега тој не знае кој грчки закон го прекршил ниту која процедура може да ја искористи за да му биде симната забраната за влез.

Извор: Експрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.