Грција: Запленети 185 килограми албанска марихуана

Грчката полиција заплени 185 килограми албанска марихуана во близина на селото Калпаќ, во близина на преминот Какавија на грчко-албанската граница.

Дрогата била откриена во возило со кое управувал албански државјанин, кого полицијата го уаспила.

Марихуаната била илеглано внесена на грчка територија, а крајната дестинација била Атина.

Пред два дена грчката полиција, заплени 891 килограми марихуана и уапси тројца албански државјани на возраст од 29, 30 и 33 години.