Покрај острата економска криза што последните шест години ја зафати Грција, Грците ги вложуваат сите напори, за да го прослават раѓањето на Исус Христос, пренесе агенција „АНСА“.
Градовите и селата во земјата блескаат од божикните украси, а луѓето ги остават настрана дневнополитичките проблеми барем за еден ден, за да ги испочитуваат обичаите и традициите околу Божик. Од Бадник до Богојавление, дванаесетте дена од божикниот период, во секое село во Грција се изведуваат ритуали кои се различни за секој регион.
Едно од најчестите верувања е за каликанцери, гоблини за кои се верува дека правеле зло за време на 12-те дена на Божик. Вообичаено се разменуваат подароци на први јануари, на денот на Света Василица.
Друга популарна традиција во Грција е „Та Каланта“, песни кои се пеат за Божик, Нова Година и Богојавлвение. Тогаш роднини и пријатели се собираат и разменуваат подароци како мед, смокви, урми и пари.