Грците јавија дека во Македонија се бара гробот на Александар Македонски

Првичните резултати покажаа дека регионот на Свети Николе има енергија која е еднаква на 22 килохерци, што е индикатор дека областа има исцелителска моќ, пишува порталот „Њузбомб” информирајќи дека тимот научници што го истражува местото има опрема вредна 800.000 евра.

„Навистина, меѓународно реномиран панел од научници работи на иницијатива на Домагој Николиќ, кој што пресметал дека таму е гробот на големиот војсководец и освојувач Александар Велики,“ се вели во текстот.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, порталот пишува дека “формата на геоглифот е идентична со формата на ѕвездената констелација што еднаш годишно се појавува во соѕвездието Касиопеја што е индикатор дека на ова место е закопан голем Пајонски владетел па дури и Александар Велики”.

„Драгуманос” пак информира дека истражувањето се врши на иницијатива на Домагој Николич, хрватски истражувач кој што неодамна изјави дека „Александар Македонски не е Грк туку Македонец со словенска крв и дека неговиот гроб е лоциран близу Свети Николе во Македонија”.

Порталот „Difence point” пак пишува дека теоријата на Николиќ најде плодна почва меѓу јавното мислење и медиумите во Македонија, како и тоа дека на местото каде што се крие гробот на Александар присуствувале и претставници од ВМРО ДПМНЕ на премиерот Груевски.