Македонија

Грците од Австралија ќе тужат за запаленото знаме на протестите

Грците од Австралија ќе тужат за запаленото знаме на протестите

Грците од Австралија ќе ги тужат организаторите на анти-грчкиот митинг што се одржа минатата недела во Австралија заради палењето на грчкото знаме. Викендов во Мелбурн, Сиднеј и другите градови иселеници од Македонија маршираа против промена на македонското уставно име. При тоа беше запалено и знаме на Грција.

Според Австралискиот Институт за македонски студии (АИМС), организаторите на митингот се одговорни за поттикнување националистичка и расна омраза против хеленизмот на Мала Азија, поттикнување на омраза и навреди кон Грците и нивните национални симболи вклучувајќи го и грчкото знаме, клевета на Грција, Македонија, нејзината историја и култура и клевета против Грците.

АИМС ги обвинува „славомакедонските“ организатори на митингот здека ги злоупотребиле правата што им се дадени во рамките на австралискиот мултикултурализам

Грчката заедница во Мелбурн и Викторија, исто така, објави соопштение во кое ги осудува инцидентите што се случија на протестите на протестите на Македонците во Австралија, особено за палењето на грчките знамиња.