Грците одат на предвремени избори, познат и датумот

Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада
Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада

Предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули наместо на 30 јуни, како што претходно објавија локалните медиуми, пренесува „Катимерини“.

Како што се наведува во текстот, терминот бил поместен поради приемните испити на националните Универзитети коишто ќе се одржат во периодот од 2 до 6 јули.  Се очекува официјално датумот да биде објавен по завршувањето на вториот круг од локалните избори во Грција, кој ќе се одржи в недела.

Одлуката за предвремени избори ја соопшти премиерот Алексис Ципрас, откако неговата партија освои помал број европратеници од опозициската Нова Демократија.