Грците рекоа „Не“ на мерките за штедење

Грците рекоа „Не“ на мерките за штедење

На вчерашниот референдум во Грција, Грците рекоа „Не“ на мерките за штедење. Вкупно 61,31 процент од гласачите се изјасниле „не“ за предложените услови за реформи од меѓународните кредитори.

Конечните резултати објавени од страна на грчкото Министерство за внатрешни работи, покажуваат дека 38,69 проценти Грци гласале „за“,  предложените услови за реформи.

На референдумот учествуваа 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.

Ципрас: Грците ќе одлучат за својата иднина
Ципрас: Грците ќе одлучат за својата иднина

Грчките гласачи на вчерашниот референдум одлучуваа дали владата во Атина да го прифати или отфрли предлог договорот, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на седницата на Еврогрупата на 25 јуни.