Грција во паника поради обезбедувањето на границата – бегалците се насочуваат само кон Македонија

Жестоки критики и бура од реакции кај јужниот сосед по одлуката на македонските власти за обезбедување на границата со бодликава жица со цел спречување на нелегалниот премин од страна на економските мигранти, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
 
Речиси сите грчки печатени и електронски медиуми известуваат за имплементирањето на заклучоците донесени на последниот состанок на македонскиот Совет за безбедност, а реакција до Европската Комисија упати и грчката европарламентарка Марија Спираки.
Дали Комисијата може да потврди дали Македонија ја заградува границата со средства од ЕУ, дали сметаат дека ваквата постапка била во согласност со духот за пристапување и користење на европските фондови, како и  тоа дали Комисијата презела мерки за да ги спречи ваквите проекти кои што не биле во согласност со европската политика за бегалската криза, се прашањата на грчката европарламентарка упатени до ЕК.
 
И додека јужниот сосед за справување со кризата добива 440 милиони евра помош од ЕУ, на Македонија и на Србија заедно за истата намена им беа одобрени, според многумина, срамни  17 милиони. Поразителен е и фактот што на Македонија сеуште не и се префрлени ниту еден дел од средствата, иако бегалската криза не чини 1,5 милиони евра месечно. Оправдувањето од ЕУ, според претседателот Ѓорге Иванов, било дека станува збор за бирократски процедури. 

Нова Демократиа: Со затворањето на границата бегалците остануваат заробени во Грција 

Нова Демократиа: Со затворањето на границата бегалците остануваат заробени во Грција
Нова Демократиа: Со затворањето на границата бегалците остануваат заробени во Грција
Во Грција реагираа и од најголемата опозициска партија Нова Демократиа, а нивната критика е упатена и кон владата на Алексис Ципрас.
Предупредив дека бегалците ќе останат затворени во Грција ако Скопје ја затвори границата, но Владата тоа го игнорираше, изјави пратеникот Никос Дендиас за грчкото радио Параполитика.
Предупредувањето на Дендиас, но и реакцијата на европарламентарката Спираки, исклучиво во однос на границата со Македонија, ја актуелизира дилемата зошто ју