Грчки аналитичар: Груевски беше соборен од Сорос бидејќи не им служеше на западните интереси

Сорос и неговите западни  шефови сакаат да ја уништат политичката иднина на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, бидејќи не им служат на нивните интереси. Нивна цел е создавање голема Албанија, задача што ќе биде извршена од страна на Зоран Заев.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, ова се дел од поентите во анализата на Андреас Банупоцос, основач и претседавач на Центарот за меѓународни стратегиски анализи.
Авторот меѓудругите, критикува и дел од грчките аналитичари кои што во изминатиов период неточно информираа за кризата во Македонија.

 Она што намерно или од незнаење се скрива во овие анализи е дека Никола Груевски в 2016 та беше соборен преку кампања спонзорирана од меѓународниот шпекулант Џорџ Сорос, со благослов на американска длабока држава. Ова беше нова верзија на Обоените револуции, кои што се одржаа во голем број на земји, како Украина, Грузија, Либан итн., кога тие беа предводени од влади што не му се допаѓаа на Западот. Сорос и неговите шефови сака да се осигурат дека Никола Груевски ( лидер на македонската центристичко десна партија ВМРО-ДПМНЕ ) и претседателот Ѓорге Иванов нема да имаат политичка иднина во соседната земја затоа што не им служат на нивните интереси, се вели во анализата.

Авторот пишува дека геополитичките интереси на Западот се во насока на зајакнување на албанскиот национализам и создавање на голема Албанија, во која што ќе влезат Албанија, Косово и делови од Македонија.
Првиот чекор кон креирање на голема Албанија е федерализација на земјата, задача што ќе биде преземена од страна на владата на Социјал- демократот Зоран Заев и Албанското малцинство, се вели во анализата. Авторот ја критикува и политиката на дистанца на грчката влада, сметајќи дека тоа не е согласно со грчките национални интереси и ги повикува властите во Атина да преземат дипломатски инцијативи со кои што ќе се осигурат опстанокот на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.