Грчки документи за наводен милионски криминал при продажбата на фирмата на Анѓушев

Билансот на состојба при купување на претпријатие за трговија со електрична енергија од Скопје на Кочо Анѓушев од страна на ППЦ, којшто владата во Атина досега одбиваше да го даде во грчкиот парламент го пренесува грчкиот медиум SKAI.

Компанијата на заменик-премиерот и близок пријател на Заев, Кочо Анѓушев има негативен капитал, нејзините средства не надминуваат 600.000 денари, работи со од 40 отсто од загубите во индустријата и само 11 отсто од прометот. Во исто време, кредитниот рејтинг е негативен, а иако има огромни загуби за 2017 година, ППЦ го купува претпријатието два месеца пред Преспанскиот договор во износ од 4,8 милиони евра, пишува грчки SKAI.

Секретарот за енергетика, Џорџ Статакис, изјавил дека превземањето е одобрено од страна на Генералното собрание на акционери, администрацијата на ППЦ има и барање за транспарентност на кое сè уште не е одговорено, бидејќи парите легнале на лични сметки на Анѓушев, а не на групацијата од која била дел  ЕДС.

Опозициските НД и КИНАЛ го бараат на увид договорот во Собранието, бидејќи постојат многу нејаснотии, а времето кога е купена компанијата два месеци пред договорот во Преспа покренува многу прашања, велат опозициките пратеници.

Според порталот клучни забелешки за финансиските податоци на компанијата:

  1. Има негативен капитал
  2. Нејзините средства се во износ од само 600.000 денари
  3. Таа има 40 отсто од загубите во индустријата и има само 11 отсто од прометот
  4. Компанија има само 36 вработени
  5. Негативниот кредитен рејтинг значи дека никој не купува од компанијата
  6. Работи со загуби во 2017 година

Нејзината пазарна вредност е нула.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.