Грчки медиуми пред посетата на Ахмети: Груевски ќе победи на изборите и нема да го промени ставот за името

платформа

Соединетите Американски Држави сакаат решение за името, а во тој контекст имаат вклучено новинари и други лица за да креираат умерена клима за постигнување на договор. Целта е Македонија да стане дел од НАТО, за да се спречи руското влијание во регионот. Ова се дел од пишувањата на грчките медиуми во контекст на утрешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Одредени кругови во Стејт Департментот одблизу го набљудуваат развојот на настаните на Балканот за кој што сметаат дека е под анти-руска призма. Работите циркулираат околу државниот секретар за Европски прашања Викторија Нуланд. Информирани извори велат дека американската страна охрабрува за разни иницијативи во смисла на зајакнување на контактите меѓу граѓанските општества на Грција и на ПЈР Македонија, а вклучени се и новинари и други лица за да култивираат по…умерена клима за решение, се вели во текстот на весникот То Вима, посветен на утрешната посета на Ахмети.

Грчки медиуми пред посетата на Ахмети: Груевски ќе победи на изборите и нема да го промени ставот за името
Грчки медиуми пред посетата на Ахмети: Груевски ќе победи на изборите и нема да го промени ставот за името

Сепак, во грчката јавност нема дилема дека победник на престојните избори во Македонија ќе биде ВМРО ДПМНЕ и дека премиерот Никола Груевски нема да го смени ставот за името.

Сепак, според сите индикации, Никола Груевски, кој што треба да се повлече од функцијата до 15 ти јануари и на негово место да дојде друг вршител на должноста што ќе ја води земјата до изборите, повторно ќе биде победник на гласањето во април. Затоа, нејасно е поради кои причини тој би го менувал својот став околу прашањето за имет”, се вели во текстот на То Вима.

Посетата на Ахмети е на негова иницијатива и не е официјална, туку партиска, а на средбата во грчкото МНР нема да присуствува македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.