Грчки тинејџери нападнале македонски ракометари во Неи Пори

Младите ракометари од школата на Андријана Будимир физички се пресметале со грчки тинејџери поради името, деновиве во летен ракомотен камп на поранешната ракометарка во Неа Пори во Грција, дознава „А1он“.

Според порталот, до тепачката помеѓу двете тинејџерски групи дошло откако жена од Грција ги слушнала младите ракометари како зборуваат на македонски, па им пришла и ги прашала од каде се. Тинејџерите одговориле дека се од Македонија, по што таа почнала да се расправа со нив околу името, а кратко потоа повикала група грчки тинејџери по што настанала тепачка меѓу двете групи. За инцидентот Будимир дознала вечерта во хотелот, кога грчките тинејџери дошле со бејзбол палки да ја довршат работата, но полицијата спречила инцидет. Целата екипа на кампот се вратиле дома еден ден порано, а по враќањето од Грција дел од децата побарале лекарска помош каде ми биле консатирани телесни повреди.

На ваквите информации имаше реакција од страна на Андријана Будимир. Таа на Фејсбук профилот на нејзината Ракометна школа објави демант.

„Сакам најостро да ја демантирам веста објавена во некои медиуми дека дошло до инцидент помеѓу децата од мојата ракометна школа и нивни врсници од Грција.Не ја разбирам потребата да се исполитизираат спортските активности кои традиционално во овој период од годината се одржуваат во Неи Пори. Напротив, можам да кажам дека се’ помина во најдобар ред и дека грците беа одлични домаќини, пишува Будимир..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.