Грчките банки остануваат затворени до петок

Грчките банки остануваат затворени до петок

Грчките власти денеска ќе објават дека банките во државата ќе останат затворени и по петок, пренесува МИА.

Според високи владини претставници, на кои се повикуваат западни медиуми, банките ќе останат затворени и понатаму со цел да се спречи колапс на банкарскиот систем.

Властите на 28 јуни воведоа контрола над капиталот. Повлекувањето на пари од банкоматите е ограничено на 60 евра дневно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.