21 C
Skopje
среда, август 5, 2020

Грејната сезона уште не започната, а Скопје загадено над нормалата

155
И по една година власт на скопскиот градоначалник Петре Шилегов очигледно нема ништо од предизборните ветувања за справување со загадувањето во главниот град, а граѓаните се сѐ повеќе револтирани од овој проблем кој допрва следува.

Овие денови Скопје повторно е загадено, иако грејната сезона сѐ уште не е целосно започната. Во моментов македонската престолнина е загадена над нормалата, а тоа го покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот.

Најзагадено е кај Ректоратот каде ПМ 10 честичките се на високи  195 микрограми на метар кубен, потоа следуваа скопско Миладиновци каде загадениот воздух изнесува 158 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, па потоа следува Бутел со 102 микрограми на кубен ПМ 10 честички.

Освен во Скопје загаден воздух има и во Куманово и Битола.

Квалитетот на воздухот и загадувањето можете да го следите ТУКА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.