ГРЕКО: Србија нема исполнето ниту една од 17-те препораки

Белград: Србите треба да имаат кандидат за претседател на Косово

До крајот на 2018 година Србија воопшто нема исполнето ниту една од 17-те препораки на Советот на Европа за борба против корупцијата (ГРЕКО), се наведува во годишниот извештај на организацијата.
Во извештајот се наведува дека седум препораки се делумно исполнети, десет воопшто не се исполнети, според што Србија е една од трите земји, покрај Босна и Херцеговина и Шпанија, кои немаат исполнето ниту една од препораките.
Пет од препораките се однесувале на работата на пратениците, шест на работата на судиите и исто толку на работата на јавните обвинители.
За разлика од Србија, која не ги исполнила препораките, во Европа исполнети се 22,6 проценти од препораките што се однесуваат на работата на пратениците, 36,1 проценти од препораките за работата на судиите и 45,2 проценти од препораките за работата на јавните обвинители, се наведува во извештајот на ГРЕКО.