Гренел ги негира тврдењата на српската страна дека Вашингтон му врши притисок на Вучиќ да го признае Косово

64

дна од точките во документот што е на преговарачка маса во Белата куќа, меѓу претставниците на Белград и Приштина подразбира меѓусебно признавање на Србија и Косово, изјави министерот за финансии на Србија Синиша Мали и дека врз српскиот претседател Александар Вучиќ се врши притисок.

„Ова е најлошиот документ што сме го добиле од почетокот на преговорите со Приштина до сега. На масата имаше 16 точки, од кои десеттата подразбира меѓусебно признавање. Има и економски теми и оние кои се однесуваат на инфраструктурата, автопат, железница, помош за малите и средни компании за да се подигне економијата во целиот регион. Огромен притисок“, изјави Мали за медиумите, пренесуваат српските гласила.   

Тој тврди дека на секој збор од српската делегација, од дваесетината присутни на состанокот, не само Албанци, се реагирало агресивно.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се очекува поради ова разговорите и да не продолжат утре, Мали изјавил дека разговорите се во тек и дека српската делегација се бори за секој збор.

За американските новинари пак, Мали изјавил: „Но ние нема да се откажеме, бидејќ се бориме за српскиот народ“.

Не е вистина, кусо реагираше специјалниот советник на американскиот претседател Ричард Гренел на Твитер, пренесувајќи објава во која на англиски јазик се пренесува „вонредна вест“, според која Гренел на Вучиќ му презентирал да потпише документ за признавање на Косово.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател,  Роберт О’Брајан, кој заедно со Гренел, е домаќин на делегациите на Белград и Приштин, исто така на Твитер, објави дека „веќе има напредок“ во разговорите за економските теми.

„Лидерите на Србија и Косово веќе напредуваат. Нашите разговори утринава беа насочени кон поддршка на економските врски и економска нормализација”, напиша О’Брајан на Твитер и додаде дека ги очекува и натамошните дискусии.

Во меѓувреме, дел од порталите кои се под конгрола на власта во Србија, објавуваат наслови како: „Шок во Вашингтон! Американците бараат од Србија да го признае Косово!. Вучиќ брани ја Србија!“ и „Драма во Вашингтон: Ништо полошо не можеше да с еслучи, Вучиќ се бори со сите сили“.

Дека може да се очекува ваква реторика од српските власти, утрово најави и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој уште пред воопшто да започне состанокот изјави дека притисокот во Вашингтон ќе биде голем и за државата и за Вучиќ, но дека ултиматумот не е решение.

„Знам како функционира тоа, притисоците ќе бидат големи и на државата и на човекот лично, со уцени, закани за неговата иднина, но знам како Вучиќ реагира на тоа, така то никому не му советувам во случајот со Србија и Вучиќ да тргне со ултиматум, тоа не е патот за решавање на проблемот“, изјави дачиќ за РТС.

Пред почетокот на состанокот, Вучиќ во Вашинготн изјави дека тоа нема да биде лесен состанок, но дека ќе дадат се од себе да постигнат компромис за важни економски прашања.

„Пред се ќе мора да се грижиме за нашиот народ на Косово и Метохија. Мојата порака до сите во нашата убава Србија е – предавството не е опција. Да живее Србија“, изјави Вучиќ пред состанокот.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави денеска дека без договор за меѓусебно признавање не е можна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави МИА од Приштина.

Вчера лидерот на „Самоопределување“ и поранешен косовски премиер Албин Курти изјави дека Гренел, врши голем притисок на Косово и сака брзо решение за Белград и Приштина.

За виенскиот весник „Стандард“, Курти ги критикува досегашните иницијативи на Гренел и го обвини дека сè повеќе барања има за Приштина, наместо за Белград, додавајчи дека не верува оти овој состанок во Белата куќа ќе биде донесен некаков одржлив резултат.

Денеска во Вашингтон започнаа разговорите меѓу делегациите на Србија и Косово што ги предводат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, кои се дел од долготрајните преговори меѓу двете страни. Според најавите од Белата куќа, разговорите ќе се фокусираат врз економскиот развој и создавањето нови работни места. Целта на дводневната средба во Белата куќа е, како што изјави еден од советниците на Трамп, да се фокусираат врз опипливи економски прашања што ќе им помогнат на луѓето бидејќи досега справувањето со политичките спорови меѓу Србија и Косово не дале резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.