пецијалниот претставник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина Ричард Гренел изјави дека владите на Србија и на Косово се заложиле за привремено прекинување на кампањите за повлекување на признавањето, односно за членството во меѓународни организации пред најавениот состанок на претставници на двете страни во Вашингтон. Средбата ќе се одржи на 27 јуни во Белата куќа, соопшти Гренел на Твитер. Тој изјави дека „доколку едната страна е незадоволна од разговорите на 27 јуни, двете страни ќе се вратат во статус кво, откако ќе го напуштат Вашингтон“.
„Ние прво мора да напредуваме во однос на прашањето на економскиот раст. Тоа е фокусот. Јас со нетрпение ги очекувам овие разговори“, додаде Гренел. Косовскиот претседател Хашим Тачи тогаш на Твитер напиша дека раководството и поддршката на САД отсекогаш биле клучни за просперитетна иднина на Косово.