Гренел в четврток во Белград, потоа во Приштина

21

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина, во главниот град на Србија ќе пристигне в четврток, кога ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ. Од Белград, Гренел ќе отпатува во косовската престолнина, дознава Танјуг.

Посетата на американскиот дипломат, актуелен амбасадор на САД во Германија, се случува на само четири дена откако беше именуван за специјален пратеник.

Во Приштина Гренел ќе има средба со претседателот на Косово Хашим Тачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.