Гренланд ја прифати финансиската помош од САД и покрај противењето на Данска

Colorful Ilulissat in Sunset, Greenland

Владата на Гренланд објави во четвртокот дека ја прифатила американската понуда во износ од 12,1 милиони долари, иако претходно Данска ја критикуваше најавата од Вашингтон.

Гренланд, на кој живеат околу 56.000 луѓе е богат со природни ресурси и има воено-стратешко значење, е автономна територија во рамките на Данска. Од 2009 година Гренланд е во голем дел независен од Данска во економската политика, додека валутата, надворешната политика и одбраната остана во надлежност на Копенхаген.

„Позитивно е што зголемената соработката меѓу Гренланд и САД донесе резултат во форма на финасирање на проекти на Гренланд“, се наведува во соопштението на гренландскиот премиер Ким Киелсен.

Американската помош се однесува на цивилни проекти, особено во секторот рударство, туризам и образование.

За САД, чиј предлог за откупување на Гренланд пред две години беше критикуван, а во декември 2019-та добија дозвола од Копемнхаген да отворат во главниот град на островот Нуук, станува збор за задржување на контролата во регионот по повеќекратните обиди во историјата да го откупат овој арктички остров.

Природните ресурси на Гренланд: нафтатата, гасот, златото, дијамантите, ураниумот, цинкот, оловото но и климатското затоплување кои отвора нови покуси поморски рути за светската трговија, се привлечни за големите сили, во прв ред за САД во регионот во кој Русија и Кина се присутни.

Пакетот на економската помош на владата на САД за Гренланд предизвика критики во Данска, помалку од едена година откако оваа земја ја одби понудата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи овој голем острав на Арктикот. Американскиот амбасадор во Данска претходно седмицава рече дека неговата влада работи на „голем пакет економска помош“ за Гренлад.

„Претераа“, рече во четвртокот Карстен Ханг, социјалдемократската челничка на парламентарната комисија за надворешна политика. „Нечуено е близок сојузник на таков начин да се обидува да внесе поделби меѓу Гренлад и Данска“, додаде. Сорен Есперсен, нејзиниот колега од опозициска Партија на Данците, го оценин како „навредлив“ за Гренланд и Данска.

„Гренланд е во неизвесна економска ситуација кога влдата би требало да привлече економски вложувања за да ги избалансира буџетите“, појаснуваат американски експерти.