Гренланд изгуби рекордни 586 милијарди тони мраз во 2019 година

Гренланд изгуби рекордни 586 милијарди тони мраз во исклучително топлата 2019 година, покажува новата студија. Водата од стопениот мраз, како што се наведува, може да ја покрие американската држава Калифорнија со повеќе од 1,25 сантиметри вода. За споредба, површината на Германија е околу 80 проценти од Калифорнија. По две години во кои топењето на мразот беше минимално, минатото лето беа срушени сите рекорди со стопен 586 милијарди тони мраз според сателитските мерења.

Тоа е далеку повеќе од просечната годишна загуба на мраз од 259 милијарди тони „Не само што се топи мразот на Гренланд, но се топи и многу побрзо“, вели главниот Инго Сасген, гео-научник од Институтот Алфред Вагнер во Германија. Минатата година, стопениот мраз од Гренланд додаде 1,5 милиметри на зголемувањето на нивото на морето на глобално ниво. Тоа звучи како многу малку, но во светот на овие мерења, тоа е огромно, вели, Алекс Гарднер научник во НАСА.