Грешки поради кои „пукаат“ љубовните врски

Можеби изгледа дека нема причина, но запрашајте се дали се пронаоѓате во овие работи. Ова им се случува на многу луѓе – тие се наоѓаат во врски кои започнуваат одлично, но набрзо пропаѓаат без очигледна причина или објаснување.

Се разбира, има работи што не можеме да ги контролираме (животни промени како што се преселување во друга земја или стресна семејна ситуација што влијае на личниот живот). А потоа, тука се прашањата од третата стра кои доведуваат до брз крај на романсата.

Но, има и работи кои ги правиме несвесно и кои можат да доведат до крај на врската.

Самосаботажа

Најочигледниот одговор понекогаш е точен. Некои од нас можат да ја саботираат врската со избирање луѓе со кои знаеме дека нема да имаме иднина за да се избегнат долгорочни или сериозни врски. Тоа е наш обид да се заштитиме од длабока повреда.

Слаби комуникациски вештини

На односите им е потребна комуникација. Брзиот начин врските да се разнишаат од недоразбирања, незадоволство и недостаток на усогласеност е да избегнуваме да зборуваме за нашите мисли, чувства, цели, потреби и граници. Комуникацијата исто така се прекинува кога вистински не слушаме и не разбираме што има да каже другата личност.

Не сте автентични

Ако не го внесеме нашето автентично јас во врската, врската ќе пропадне. Во одреден момент, преправањето ќе не истроши и другиот ќе види кои сме навистина. Ова може да бара значителни прилагодувања на врската (ако тие изберат да останат во неа). Со тоа што ги криеме аспектите на тоа кои сме навистина, ја спречуваме другата личност вистински да се поврзе со нас.

Не сакате да се трудите

Сакаме да мислиме дека вистинската врска ќе биде лесна, но вистината е дека секоја врска ќе бара работа. Ова нереално очекување може да предизвика да се откажеме од врските кои се вредни за труд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.