Грешки во шминкањето кои ги прават жените со зелени очи

Иако на прв поглед се чини дека со зелените очи може да искомбинирате баш сѐ, тоа сепак не е вистина. Всушност, поголемиот дел од жените со зелени очи ја прават истата грешка при шминкањето и користат топли темно зелени сенки, и мислат дека со тоа ќе се нагласи нивната боја на очи и ќе изгледаат природно. За жал, ефектот кој се постигнува е уморен и ненаспиен изглед, токму поради оваа грешка.

Доколку имате зелени или светло кафени очи, тогаш нешто што секако би требале да го имате во вашата колекција на шминки е палета од сенки за очи со поладни бои. Како на пример, темно сини, сиви, запрашена розова и виолетова. Поради контрастот со зелената боја, вашите очи ќе се нагласат. Овие бои ќе им дадат заводлива нота на вашите очи, а покрај тоа ќе изгледате и свежо и одморено.

Ако поседувате палета со топли нијанси и не сте подготвени да престанете да ја користите, тогаш имаме решение и за тоа. Можете да ја сочувате и да ги користите боите само на надворешниот дел од очниот капак, а останатиот дел од капакот да го исполните со светкава боја на шампањ. Со тоа ќе ги отворите очите и ќе имате посебен сјај.

Доколку сакате комбинација за секојдневен изглед, пробајте неутрални бои кои имаат син или сив подтон. Така ќе ви се истакнат очите, а ќе изгледате природно освежени, како да не ви е потребна шминка дури и во деновите кога сте ненаспиени. Убавината ја имате во себе, треба само да знаете неколку трикови како да ја нагласите и да бидете горди со неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.