Грешка или одмазда на власта: Францускиот амбасадор дочекан во Охрид со знамето на Холандија

Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, пред два дена направила протоколарен гаф на средбата со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија.

Наместо знамето на Франција, на средбата покрај македонското знаме било поставено знамето на кралството Холандија.

-Поставување на знаме на друга држава на средба со дипломати се смета за дипломатски скандал од висок ранг. Предходно во Скопје австрискиот премиер Курц во Владата беше пречекан со летонско знаме, анализира порталот Експрес.

На средбата во Охрид се разговарало за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка, јавува порталот ohridnews.mk.

Амбасадорот Тимоние последниве неколку недели упати остри критики до владата што за дел од набљудувачите гафот во Охрид може да се третира и како намерна провокација кон Французинот, анализира Експрес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.