Грешка во гласовите на Евровизија, Тамара прва според гласовите на жиријата

Иако изборот на песна на Евровизијата заврши минатата недела, Македонија се искачи едно место погоре во финалниот пласман.

Имено, имало грешка во гласовите на белоуското жири кое беше суспендирано непосредно пред почетокот на финалната вечер поради откривање на судиите за кого гласале во првата полуфинална вечер, која Европската радиодифузерска унија (EBU) сега ја исправила и Тамара наместо осмото, го освои седмото место.

Победникот на Евровизијата се определува со збирот на поените од стручните жирија и теелвизиските гледачи на земјите учеснички. Во финалето кое се одржа на 18-ти мај во Тел Авив, белоруското жири беше дисквалификувано поради објавувањето на гласањето. Како доделување на поените од Белорусија беа земени просечните разултати за учесниците. Токму тие поени, органиаторите на шоуто одлучиле да ги ревидираат.

„Може да потврдиме дека како резултат на стандардната практика на проверка (на поените) откривме дека поради човечка грешка биле употребени погрешен просечен резултат….“, се вели во соопштението и се додава дека ги прилагодиле разултатите во согласност со правилата.

Победникот од Холандија Дункан Лоуренс по корекцијата има 498 поени, претходно победи со 492 поени, а второто место го зазема претстбвникот на Италија Мамуд сега со 472 поени, а претходно имаше 465 поени. Трет е Русинот Сергеј Лазарев е на третото место со 370 поени, а претходно имаше 369. Промени има и кај повеќе други учесници, па така Шведска од петтото се качи на петтото место со 334 поени, од каде ја истисна Норвешка со 331 поен. Македонија сега со 305 бодови е на седмото место, а на осмото сега дојде Азербејџан со 302 поени. Белорусија сега има 31 поен и доаѓа на 24-то место, а Германија со 24 поени сега е зад неа.

Исто така, по исправањето на грешката, Македонија е прва според гласовите на жирото.

Ова попладнево го објави Тамара, која добила известување од EBU.

Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, напиша Тамара.