Грешки што ги правиме додека ги шетаме милениците

Животот со кучиња бара голема одговорност.

Многу луѓе не се свесни за овој факт и прават различни грешки во нивното воспитување, во односот кон кучињата, па дури и додека ги шетаат.

Баш поради тоа ја објавуваме оваа листа на работи при кои сопствениците најчесто грешат.

  1. Прошетка без поводник

Иако го сакате вашето куче и не се плашите од него, другите луѓе што ги среќавате на патот не го мислат истото. Исто така, може да се случат разни несреќи: тој може да се изгуби, да се залета под автомобил, да скока врз другите луѓе, да потрча по мачка, да нападне некое друго куче и слично.

  1. Погрешен поводник
    Постојат места каде што можат да се остават да бидат слободни без поводник, но не и кога сте во урбана средина. Преку вашето куче, некој може да се сопне, може лесно да излета на патот, да скока по минувачите или да посака да се дружи со други кучиња. Исто така, не е во ред да го земете целиот тротоар за себе и за кучето. Слободното движење зачувајте го за излети во природа.
  1. Не го собирате изметот

Соберете го секој пат! Освен што другите луѓе нема да ве сметаат за невоспитани, вашиот град ќе изгледа поубав и подобар со што ќе допринесете барем малку за намалување на ширењето на инфекциите и болестите.

  1. Дозволување да “поздрави” секој човек

Не сака баш секој минувач на патот да го поздрави вашето пријателски расположено куче. Тие можат да се плашат од кучиња, да бидат облечени за важен состанок или се алергични на кучињата и слично.

5. Дозвола за приоѓање на друго куче

Истото важи и за другите кучиња – не сака секој да се запознае со вашето домашно милениче, а тоа често може да биде добар начин за да започне борба. Најдобро е прво да го прашате другиот сопственик дали запознавањето е во ред.

  1. Игнорирање на миленичето додека разговарате со некој друг

А за тоа време тоа лае, р’жи и скока по вас или по некој друг. Кучето е ваша одговорност 24/7. Без разлика дали е во вашиот дом или е надвор, вие сте одговорни за она што тој прави. Ако треба да направите нешто што ќе ви одземе повеќе време и внимание, подобро оставете го кучето дома.

  1. Врзување пред продавница

Има многу причини зошто ова не е добра идеја: вашето куче може да избега, некој може да го украде, тој може во страв да гризне дете кое сака да го погали, а другите луѓе или велосипедистите би можеле да се сопнат од него. Одете сами во продавница или пазарувајте со друго лице, кое може да го чува кучето додека купувате.