Грип и секс: Да или не?

Лекарите велат дека прво треба да обрнете внимание на тоа како се пренесува грипот, а најчесто се пренесува преку воздухот, односно преку кивање, кашлање, дишење, ракување и бакнување. Вирусот живее до 24 часа на површини како што е бирото, на чаршафи 1-2 часа, а на рацете живее 15-30 минути.

Една недела без контакт

Правилото вели дека треба да бидете на растојание од 2 метри од некој што има грип, па бидејќи сексот бара многу блискост, дефинитивно треба да го избегнувате за време на грипот.

Шансите дека ќе имате секс без партнерот да дише, да кива и да кашла во вас се многу мали, па ако едниот од вас е заразен, немојте да имате односи. Ова важи и за случаи кога сте вакцинирани, бидејќи вакцината само го намалува ризикот од инфекција, но не ја елиминира целосно можноста за заболување.

Дали хируршките маски помагаат во борбата против грипот?

Личноста што има грип не може да ги воочи симптомите и е заразна една недела, а тоа значи дека може да се заразите дури и ако вашиот партнер изгледа потполно здрав. Во тој случај не можете да си помогнете, но ако веќе знаете дека сте имале грип, воздржете се од секс најмалку една недела откако ќе поминат сите симптоми.