Гризман бележи историско достигнување во ЛШ: Прв играч кој постигнал два гола во еден ист меч и добил црвен картон

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, забележа историско достигнување на натпреварот од Лигата на шампионите одигран синоќа против Ливерпул во 3. коло од групната фаза против Ливерпул (2:3).

Триесетгодишниот Французин стана првиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој успеал да постигне два гола и да добие црвен картон на ист натпревар.

Гризман постигна два гола во првото полувреме против Ливерпул и доби директен црвен картон во 52. минута, бидејќи со нога го удри во глава напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино.