Гризман го продолжи договорот со Атлетико до 2022-та

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман одлучи и следните пет години да настапува за шпанскиот прволигаш од „Висенте Калдерон“.

Иако беше најавувано дека Французинот ќе го засили Манчестер Јунајтед, сепак забраната за трансфери што му беше изречена на Атлетико беше пресудна Гризман да остане во Мадрид.

„Во ова тешко време за Атлетико би било многу некоректно од моја страна да го напуштам клубот“, изјави Гризман.

Последната сума за откупната клаузула на Гризман изнесува 100 милиони евра.