Гризман наместо Роналдо во Јувентус

Францускиот напаѓач на Барселона, Антоан Гризман, би можел ова лето да го запени Португалецот Кристијано Роналдо во редовите на Јувнетус, пренесуваат во четвртокот шпанските и италијанските медиуми.

Каталонскиот дневен спортски весник Sport наведува дека Барселона ова лето сака да направи голема реконструкција на тимот, а еден од играчите коишто претседателот на клубот Жоан Лапорта сака да ги продаде фанцускиот репрезентативец.

Наводно на продажба е уште „половина соблекувална“, а меѓу играчите кои се прецртани се наводно Усман Дембеле, Мартин Брајтвајт, Фелипе Кутињо, Миралем Пјаниќ, Самуел Утити…

Весникот тврди дека новата дестинација на Гризман би можела да биде Јувентус, особено доколку Роналдо ова лето ја напушти торинската „Стара дама“.

Французинот во Барселона стаса во јули 2019 година од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра и има договор до куни 2024 година. Но во 70 натпревари постигна 21 погодок.

Последните седмици сѐ посилни се шпекулациите дека Роналдо ќе го напушти Јувентус, особено како тимот остане без пласман во Лигата на шампионите. Португалецот со Јуве има уште една година од договорот.