Гризман се збогува со навивачите на Атлетико

Францускиот напаѓач Антоан Гризман летово ќе го напушти Атлетико Мадрид, и се збогуваше со навивачите на „јорганџиите“.

„Ова беа неверојатни пет години во дресот на Атлетико Мадрид. Ви благодарам многу и секогаш ќе ве носам во моето срце“, истакна Гризман во видео обраќањето објавено на социјалните мрежи.

Негова следна дестинација, иако сѐ уште неофицијално треба да биде Барселона. Трансферот треба да се реализира по 1-ви јули, кога отштетната клаузула во неговиот договор ќе се намали на 120 милиони евра. Барселона треба да ја активира и да го доведе одличниот напаѓач на „Камп Ноу“.

Гризман се збогува со фановите на Атлетико Мадрид.