Грмна сиртакито за лузерско дуо Заев-Пендаровски

Биднаа и овие предвремени парламентарни избори во Македонија. ВМРО ДПМНЕ однесе една од најубедливите победи досега. Речиси 200.000 гласови разлика.

СДСМ не ги признава избориве. Изговори наведоа, ама докази јок.

Чекорот на Заев, рака на срце, беше очекуван. Најавено беше дека подготвува такво сценарио. Се’ започна со европратеникот Шацимаркакис и неговата фамозна најава дека лично ќе покренел иницијатива да и’ се одземе на Македонија кандидатскиот статус во ЕУ. За ова му треба поткрепа, а таа дојде преку сдсмовските пискарала, на чело со Бранко Героски, верно следен од својата сенка Ацо Кабранов. Последниот чин од нивните најави е вонинституционалното дејствување на опозицијата. Ќе почнеле да применуваат т.н. „улична демократија“.

За чекорот на СДСМ се огласија и домашните и меѓународните фактори. Заедничкото е дека потегот не е добар. Но, за Заев и Пендаровски тоа не е важно. Важно е Македонија да се втурне во политичка криза. Да се одработи за потребите на Грција.

Да може Шацимаркакис потоа, поткован да скока во Брисел.

Е сега, што и како понатаму? СДСМ и неговиот следен чекор со „улична демократија“? Во ред. Му препорачувам на ВМРО ДПМНЕ, веднаш да парира со исти мерки. Поради реципроцитет. Можеби така најдобро ќе се преслика кој освоил повеќе гласови. На улица. Разликата е 200.000 луѓе. Да видиме дали навистина СДСМ има толку голема поддршка од народот, како што манипулираат тие и нивните пискарала. Да бидеме на чисто сите. Еднаш за секогаш.

Ама опасен е Заев, алијас Џон Вејн. Можеби ќе почне и да пука. Така барем најавуваше пред ланските локални избори.

„Избори ќе нема, ама дури и да се случи да има, тогаш ќе има пукање“, велеше тој во телефонски разговор со новинар на Нетпрес.

Епа Заев, мислам дека и друго не ти ни остана. Земи испотепај го народов зошто не те сака. За тебе и твоите слепи поддржувачи тој е прост. За Стевчо, пак, е стока. Ќе ти останат твоите, и тогаш ќе си бидеш сакан заедно со се Стевчо во пакет. Па ќе може да си се мезите од твоите краставици раат. Оние де, што не ти се прскани со пестициди.

Двајцата сте свесни дека изгубивте, и тоа дебело. Пораз чист, „без лажи без превари“. Јасно ви е дека за мнозинството граѓани на Македонија двајцата сте непожелни на политичката сцена.

Вистинскиот играч исправено и гордо ќе пружи рака, ќе признае и ќе честита, а потоа достоинствено ќе се повлече. Но, вие двајца не сте тоа. Резултатот од гласањето и вашето однесување е ништо повеќе од нисколигашки и недораснати политички играчи.

Вие очигледно сте дезориентирани. Изгубени во просторот и во времето. Во своето тонење сакате да ја повлече со себе и цела Македонија. Типично лузерски потег.

Е тоа, нема да може.